Франција до крајот на годината ќе го ратификува Протоколот за членството во НАТО, изјави францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние.
Тој одговарајќи на новинарско прашање по комеморацијата на француските гробишта во Скопје рече дека процесот на ратификацијата за членството на Северна Македонија во НАТО, е во тек.
Покрај Франција, Протоколот за НАТО треба да го ратификуваат и Холандија и Шпанија.