Некои устави можат лесно одново да се сменат, но не и Меѓународните договори со ЕУ и НАТО, вели лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис, во интервју за грчкото радио 24/7.
Тој додава дека Движењето за промена, во чија коалиција е и неговата партија, бара решение со сложено име за севкупна употреба со конкретни гаранции врз основа на Меѓународен договор дека запира иредентистичката политика.
– Некои устави може лесно да се сменат, посебно во Скопје, ги нема нашите одредби. Со едно мнозинство, утре, една „лоша влада“ може одново да го смени Уставот и повторно да има иреденистички глупости. Што не може да се промени? Не може да се промени Меѓународен договор на земјата со Европската унија и НАТО. Затоа ние бараме и мислиме дека е во интерес на Грците, нашите соседи, да се обврзат меѓу себе, туку да се обврзат со Европската Унија и НАТО – вели Теодоракис.
Според него, со еден ваков договор, ако некој во иднина сака да смени нешто и да не ги задржи обврските, тогаш ја доведува во опасност позицијата во ЕУ и НАТО.
Лидерот на Река, вели дека треба да се реши проблемот со името и изрази надеж дека доколку решението е патриотско и во рамките на позициите на партијата, тогаш може да добие поддршка од грчкиот парламент.