Премиерот Зоран Заев денеска имаше телефонски разговор со новиот бугарски премиер Стефан Јанев.
Како што информираат од владината прес-служба. Заев на соговорникот му го честитал изборот за претседател на службената Влада на Бугарија и му посакал плодна и успешна работа.
– Политичките лидери од двете страни имаат одговорност да создадат услови за дијалог и за конструктивни разговори – било заклучено при разговорот.
Двајцата премиери разговарале за севкупните односи меѓу двете држави, со посебен акцент на потребата за вложување на сите напори за разговори и за заемно прифатливи решенија.