Арбен Таравари од Алијанса за Албанците на вечерашната прес-конференција алармираше за изборни нерегуларности, но вели дека водат пред ДУИ.
– Ние сме во убедлива предност пред ДУИ – изјави Таравари по затворањето на избирачките места.
Одговарајќи на новинарско прашање, за изјавата на Бујар Османи од ДУИ, дека сега кога избирачките места се затворени, треба сите да се обединат околу концептот за премиер Албанец, Таравари вели дека ДУИ заминува во опозиција.
Тој им се заблагодари на сите граѓани кои масовно излегле на овие избори и покрај тоа што, според него имале притисоци.