Нови 127 случаи позитивни на коронавирусот во земјава се регистрирани во последните 24 часа, од направени 1.768 тестирања.
Скопје има нови 38 случаи, Куманово 23, Прилеп 15, Гостивар 12, Тетово осум, Велес пет, Струга и Пехчево по два случаја, Штип, Пробиштип, Свети Николе, Берово и Делчево по три, а Дебар, Битола, Охрид, Кавадарци, Струмица, Виница и Неготино по еден случај.
Починати се пет лица, една пациентка од Крива Паланка на 69 години, двајца од Гостивар со 77 и 63 години, еден пациент од Неготино со 69 години и еден од Скопје со 70 години. Сите се починати во болнички услови.
Институтот за јавно здравје вчера регистрира 60 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 140.093 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.799, бројката на оздравени пациенти е 10.210, на починати е 573, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.016.
Инаку, Светската здравствена организација објави дека пандемијата на коронавирусот продолжува да се шири, но растот на бројот на новозаразените и на починатите во светот забавува, со исклучок на Југоисточна Азија и источниот Медитеран. Оттаму посочуваат дека во Европа бројот на случаите се зголемил во изминатите три недели, но минатата недела бил забележан мал пад од еден процент, а бројот на смртните случаи низ регионот опаднал.