Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска го прими еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеи, кој денеска е во еднодневна работна посета на нашата земја придружуван од делегација на Директоратот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија на Европската комисија.
Премиерот Спасовски, придружуван од делегацијата на Владата, ја дочека делегацијата од Брисел по што Спасовски и еврокомесарот Вархеи одржаа тет-а-тет средба.
Според агендата на работната посета на комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Оливер Вархеи, во Владата се одржа и билатерална средба на двете делегации, на која присуствуваа Спасовски, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заменичката на претседателот на Владата за економски прашања и за координација со економските ресори, Мила Царовска, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, и министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми.