Ние знаеме дека најважно од се е да ја обезбедиме иднината на државата и да создадеме услови да ги задржиме младите. Нашите политики, да создадеме подобри услови за живот, повисоки плати но и институции кои што ќе функционираат и во кои граѓаните ќе веруваат се во таа насока, рече потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски денеска на трибина „На прав пат“ во Неготино.
Спасовски направи споредба со погрешните политики за време на режимот на Никола Груевски, во сите сегменти но и во образованието, поради кои најмногу млади луѓе се иселија од државата.
– Младите заминуваа и затоа што немаше сигурност за оние коишто студираа, што беа добри ученици. Затоа што поради политиките на Груевски не можеа да го добијат најдоброто место под нашето македонско сонце. 11 години имавме промоција на политиките на Груевски како да обезбеди диплома во трафика за нивните, за да им бидат шефови на оние кои учеа и се образуваа- рече Спасовски.
– Преземавме во овој сегмент многу јасни и конкретни мерки. Но и во сите други сектори. За овие 2 години имаме околу 50 милиони евра, помош за 180 домашни но и странски компании, за да отворат нови но добро платени работни места. Тоа е пред се наменето за младите луѓе. Имаме мерки и програми со кои одвојуваме двојно повеќе пари за млади кои сакаат да отворат сопствен бизнис. Отворивме нови и поголеми фондови за младите земјоделци, за руралните и млади жени во делот на аграрот. Се до последните мерки, со кои овозможивме помош за секоја фирма којашто ќе вработи лице до 23 години да добие плус 3.000 денари на плата. Тоа е се со цел да ги стимулираме младите луѓе. Но заедно мора да работиме и на јавната свест, дека реалниот сектор е шансата за секој. Тоа се нашите реални политики, со кои ги мотивираме младите тука да бараат иднина – додаде Спасовски.
Потпретседателот на СДСМ ги повика граѓаните на активизам и вклучување во креирање на политиките за новиот мандат на Владата што ќе ја предводи СДСМ по 12 април.