Република Северна Македонија и Република Албанија очекуваат во јуни да ги почнат пристапните преговори за членство во ЕУ, истакнаа премиерите на двете земјми Зоран Заев и Еди Рама на заедничката прес – конференција по денешната средба во Тирана.
Освен во НАТО, двајцата премиери очекуваат Скопје и Тирана во перспектива да бидат сојузници и во ЕУ. Истакнаа дека двете земји работат на исполнување на потребвните реформи, особено во правосудниот систем и јавната администрација.
Заев се заблагодари што Албанија беше меѓу првите земји кои го ратификуваa Протоколот за члeнство во НАТО.
-Тоа уште еднаш испрати сериозна пријатeлеска порака до нашиот народ и затоа сме благодарни. Очекуваме до крајот на годината Македонија да и се придружи на Алијансата и да стане 30-та членка. Парачелно со овие очекувања нашите надежи се фокусирани и на јуни за отварање на пристапните преговори со ЕУ. Јуни 2019 е важен датум за европските перспективи на двете држави. Очекуваме ако ние ги испорачаме потребните резултати, тогаш и ЕУ да има позитивен пристап кон двете земји- рече Заев.
Албанскиот премиер Рама истакна дека Република Северна Македонија за Албанија не е само земја сосед, туку и пријател и стратешки незаменлив партнер.
– Односите меѓу двете земји се базираат на трајни принципи и вредности, кои не обединуваат како држави, кои и припаѓаат на Европа и кои ќе бидат заедно во европското семејство- изјави Рама.
Нагласи дека посетата на премиерот Заев доаѓа во момент на значајното историско постигнување како што е Преспанскиот договор и отворањето на патот за Северна Македонија кон НАТО, за што, потсетува, Албанија веќе го ратификуваше Протоколот за пристапување во Алијансата.
– Ова големо историско достигнување е плод на лидерството на Заев и на нашиот заеднички пријател Ципрас. Со Договорот од Преспа беше надминат долгогодишниот ќорсокак и се отвори патот за членство на Северна Македонија во НАТО. Тоа исто така созададе и голема позитивна енергија за натамошен напредок на заедничкиот пат за интеграција во ЕУ- истакна меѓу другото Рама.
Тој го оцени како фанатстичен потег усвојувањето на законот за јазиците во Северна Македонија, што според него значително го подобрува соживотот во земјата и одосите Скопје – Тирана. Истакна дека албанската Влада е посветена и македонското малцинство во Албанија да ги ужива сите права.
Премиерот Заев рече и дека Охридскиот договор правно-формално е исполнет и останува духот на договорот, рамномерна застапеност и градење вистинско општество за сите.
Заев и Рама на денешната средба оцениле дека има уште простор за унапредување на билатералната соработка, особено во економијата и сообраќајната инфраструктура. Се планира и отворање на заедничка гранична контрола на патници и стока на граничниот премин Ќафасан.
Предвидено е одржување заедничка седница на двете влади кон крајот на летото по завршување на претседателските избори во Северна Македонија.