Носителката во првата изборна единица на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“, Гордана Силјановска-Давкова од пред музејот на Македонската борба истакна дека во програмата „Обнова“ се втемелени принципите на обнова на почитта и рамноправноста за жените.
– Обнова на почита, родовата рамноправност, обнова на респектот на енергијата, знаењето и креацијата на жените во Македонија бидејќи бројот на министерки во оваа влада беше три, па стана четири со госпоѓицата Нина Ангеловска, ама во однос на 26 е мачоизам политички од невидени размери – кажа Силјановска- Давкова.
Дополнително таа потенцираше дека во програмата „Обнова“ има огромен број на проекти кои се наменети за целосно и рамноправно вклучување на жените во општествениот и политичкиот живот.