Во соопштението до јавноста, СДСМ побара од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски да понесе одговорност и да поднесе оставка, поради информациите дека бил осудуван и казнет за кривични дела „кражба“ и „фалсификување“ во Германија.
– Милошоски за скандалот „Кражба“ и за срамниот однос кон граѓаните и државата треба да се извини и да поднесе оставка. Особено што против Милошоски и пред домашните судови се води предмет каде се сомничи дека сторил измама и злоупотреба на службената положба и овластувања.
Милошоски нема образ да излезе пред граѓаните, а неговиот шеф Мицкоски молчи, наместо да го повика на морална одговорност. Со ова опозициската ВМРО-ДПМНЕ покажува дека заштитува криминал и корупција.
Пратеник, осуден за кражба, злоупотреба и измама не е достоен да ги претставува граѓаните во Парламентот. Милошоски е срам за македонската држава, за Собранието, за парламентарната демократија и затоа треба да си даде оставка на функцијата пратеник. – се вели во соопштение за јавност на СДСМ