Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска одржа работен состанок со претседателите на Комисиите на СДСМ на кој било заклучено дека за две години од преземањето на мандатот клучните столбови и мерки од програмата на СДСМ се реализирани.
– Иднината и стабилноста на земјата се обезбедени, на вистинскиот пат сме, кон ЕУ и НАТО, економијата е силна и создава шанса за сите, се повеќе пари завршуваат назад кај граѓаните, се гради на секој чекор, низ цела држава. Концептот парите кај граѓаните дава одличен резултат. Порасна минималната плата, работиме на ново покачување, го вреднуваме трудот на работниците со нови мерки за стимулирање на раст на платите – соопштија од СДСМ.
Од таму потсетуваат и на мерката за поврат на ДДВ, за зголемување на социјалната помош за 300%, за поефтината зелена нафта за земјоделците за 30%, за намалување на ДДВ-то за парно од 18% на 5% и за враќање на ефтината тарифа на струјата.
– Со ребалансот на Буџетот, кој утре влегува во собраниска процедура, воведуваме нови мерки и обезбедуваме повеќе средства за раст на платите, како што е мерката за субвенционирање на трошоците за социјално осигурување за фирмите кои ќе ги зголемат платите на своите работници, до 6.000 денари. Ги укинуваме квотите за лекови, обезбедуваме доволно лекови за сите во секое време, дигитални услуги, бесплатни обуки за преквалификација на работната сила, и се разбира, судство ослободено од партиски притисоци, правда и одговорност за секого – се наведува во соопштението.