Не престанува деструктивното, мрачно и неодговорно однесување на Христијан Мицкоски, кој сам се прогласи за хистеричен. Три години Мицкоски ги плаши граѓаните со апокалиптични сценарија, сценарија со кои ќе се населуваа мигранти, ќе се редефинирал политичкиот систем, апокалиптични сценарија за економијата, апокалиптични сценарија здравјето на граѓаните и од сето тоа не се случи ништо. А кога не претскажува мрачни апокалиптични сценарија, Мицкоски шири хистерија и лицемерно глуми загриженост за граѓаните и државата, се вели во реакцијата на СДСМ.
Според партијата, Христијан Мицкоски е единствениот што посветено работи против интересите на државата, на граѓаните, против јавното здравје, против европската иднина.
– Исто како што се однесуваше за време на пандемијата на коронавирусот – деструктивно, опасно и неодговорно, така се однесува и денеска во однос на прашањето со Бугарија, во однос на државните и националните интереси. Никој веќе не верува во таканаречените апокалиптични сценарија на Мицкоски. Апокалиспа му се случува во неговата ВМРО-ДПМНЕ, изолирана и поделена партија во стечај, во долгови и со одамна изгубена доверба од граѓаните – се вели во реакцијата.