Ние навистина сме разочарани од фактот што Република Северна Македонија не ги почна пристапните преговори за членство во Европската Унија, истакна американската амбасадорка во земјава Кејт Мери Брнз, одговарајќи на новинарско прашање дали САД очекуваат засилена комуникација меѓу Скопје и Софија. Таа додаде оти САД постојано ја испраќаат пораката дека Македонија е подготвена и ги исполнила сите услови потребни за членство во ЕУ.
– Ќе продолжиме со нашите дипломатски ангажмани и во иднина, а го истакнуваме и ставот дека иднината на Република Северна Македонија е во продолжување на процесот за членство во ЕУ – изјави Брнз по примопредавањето на АБХО опрема за деконтаминација која претставува донација од САД, во касарната Чојлија кај Петровец.