Претседателскиот кандидат Блерим Река вечерва пред жителите на Теарце потенцираше дека преку програмата што ја претставува ќе работи на тоа да има државен систем што е добар за сите. Ја потенцираше поддршката што ја добива од двете партии за победа.
– Јас велам република, а не друштво за сите. Сега Македонија не е држава за сите. Како претседател и како врховен командант ќе се залагам НАТО како гарант на Охридскиот договор да помага во ресоцијализацијата на припадниците на ОНА, за кои во разговор овде низ Тетовско разбрав дека немаат добри услови за живот. Никој не може да ги натера Албанците да гласаат против себе, против Албанец – истакна Река во Теарце. С.Н.М.