Привремената влада на Бугарија нема да ја промени позицијата во однос на ветото за отпочнување на пристапни преговори на Македонија со Европската Унија.
– Како привремена влада немаме овластување да ја промениме позицијата на рамката на Бугарија што беше прифатена со консензус меѓу сите политички партии во бугарскиот парламент – изјави техничкиот министер за надворешни работи Светлан Стоев, додавајќи дека дека ќе ги вложи сите напори за продолжување на дијалогот со Македонија.
Тој нагласи дека официјалните лица во Македонија добро ја знаат бугарската позиција.
– Сè е во рацете на официјалните лица во Северна Македонија. Тие многу добро ја знаат бугарската позиција и не треба да шпекулираат дека ќе има каква било промена додека оваа привремена влада е на функција – категоричен е Стоев.
Техничката влада кој денеска ја презеде должноста ќе ја води Бугарија до новите предвремени парламентарни избори закажани за 11 јули.