Граѓаните од вчера задолжително треба да носат респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал и бандана при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени установи и слично.
Граѓаните од вчера задолжително треба да носат респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал и бандана при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени установи и слично.Овие нови мерки, Собранието ги изгласа завчеравечер со измените на Законот за заштита на населението од заразни болести. Според тоа, мерката за задолжително носење маска нема да важи при спортување на отворен простор или на затворено со почитување на специфичните протоколи за заштита, при возење во приватно патничко моторно возило ако возачот е сам или со лица со кои заедно живее, при престојување во двор на семејна куќа или во угостителски објект со почитување на протоколите за заштита.
Мерките за носење маска не важат за лица помлади од шестгодишна возраст и за лица со посебни потреби и пречки во развој.
За неносење маска на отворено е предвидена парична казна од 20 евра.
Министерството за здравство апелира до сите граѓани да се почитуваат мерките за заштита од ковид-19.
– Носењето заштитна маска, одржувањето физичка дистанца и миењето раце се единствените мерки што можат да го спречат ширењето на вирусот. Да бидеме одговорни и совесни, да го зачуваме нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски – апелираат од Министерството за здравство.
Со законските измени, самоизолацијата е задолжителна при тестирање за ковид-19, од закажување на тестот или самото тестирање до добивање на резултатот, а самоизолацијата продолжува ако резултатот е позитивен. За прекршување на самоизолацијата казната е 50 евра, а тие што ќе се групираат на отворено ќе платат казна од 500 евра.
Освен лекување во јавните здравствени установи, по медицински индикации болните можат да се лекуваат и изолираат и во приватни здравствени установи.
Забрана е предвидена и за групирање на јавен простор (паркови, јавни површини или која било површина на отворено) во одредени периоди од деноноќието и други мерки утврдени со закон.