Државната изборна комисија (ДИК) ги презема првите 200 уреди за биометриска идентификација на гласачи од германската компанија „Дермалог“. Уредите ќе бидат употребени на претстојните локални избори.
Во рамки на потпишаниот договор со ДИК вреден 11 милиони евра, „Дермалог“ ќе се грижи и за системот за функционирање на терминалите, како и за нивното одржување во следните четири години, односно четири изборни циклуси.
Вработени од германската компанијата треба да направат технички преглед на терминалите, како и прирачници за нивно користење, вклучувајќи ја и обуката за ракување. Терминалите нема да бидат поврзани со Интернет, а со нив се гарантира и безбедноста на личните податоци на граѓаните.