На партиите им се овозможува да ги вратат назад парите кои им беа скратени со уредба изминатата пролет, поради пандемијата, откако законот за финансирање на политички партии вчера помина на Комисијата за политички систем, со поддршка и од власта и од опозицијата. На овој начин, на партиите ќе им бидат доделени вкупно околу четири милиони евра.
На политичките партии на кои им се исплатени средства, разликата ќе им биде исплатена најдоцна до 31 декември годинава, согласно со Уредбата со законска сила за финансирање на политичките партии.