Пред зградата на Основното јавно обвинителство почнаа да се собираат поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ. Крајна дестинација на протестот, кој го нарекуваат Марш на правда, ќе биде Врховниот суд.
Покрај поддржувачи од Скопје, на протестот се присутни и граѓани од другите градови на земјава.
Нивната желба, како што велат, е да се промени власта, а велат и дека не се задоволни од промената на името на земјава.
Пред една недела, марш за правда под мотото „Чекориме за правда“ организираше и владејачката СДСМ.