Група граѓани и вечерва одржаа мирен протест пред Собранието на Република Македонија против Договорот за спорот со името.
Тие ја повторија поддршката за претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој најави дека нема да го потпише указот за Законот за ратификација на договорот, што беше донесен во средата.
За нив договорот е штетен и спротивен на македонските државни интереси. Тие повикуваат на најавениот референдум договорот за спорот за името да биде отфрлен.
Претставници на граѓаните кои повеќе денови протестираат очекуваат да бидат примени од претседателот на државата. Тие синоќа биле информирани од обезбедувањето на претседателот, дека според протоколот, средба ќе биде дополнително закажана и оти потоа ќе бидат повикани, но очекуваат тоа да се случи во следните денови.
Граѓаните носеа македонски знамиња и пееја македонски песни.
Протест е најавен и за утревечер.