Предлогот на новиот бугарски премиер Кирил Петков за надминување на спорот е делумно прифатлив за претседателот Стево Пендаровски, кој се согласува дека историјата не треба да биде единствен фокус на разговорите помеѓу Македонија и Бугарија, но смета оти најавениот период од шест месеци за надминување на спорот е премногу долг.
– Мене ми е прифатлив пристапот на новиот бугарски премиер кој заговара историјата да не биде единствениот канал преку кој ќе комуницираме. Се разбира, не го поддржувам најавениот временски рок од шест месеци. Мислам дека проблемот помеѓу нас може да се реши за многу покус временски период – рече Пендаровски во текот на денешната посета на Приштина.