Претседателот Стево Пендаровски смета дека ветото на Бугарија не е ништо ново, истакнувајќи дека има уште два дена до состанокот состанокот на шефовите на држави и влади во Брисел, но и оти досега нема пробив во разговорите на работните групи на двете министерства за надворешни работи.
– Ако одите со остра или офанзивна реторика каква што за жал води бугарската страна, тогаш нема да има договор. Ние, не би требало да се спуштиме на некое приземно ниво во кое ќе се навредуваме и во кое ќе покажуваме мускули. Меѓутоа, верувајте, и во тие рамки ние понудивме се што може да се понуди, а да не се чепка македонското – да не се чепкаат јазикот или идентитетот – рече Пендаровски во вечерашното во гостување во дневникот на телевизија „Сител“.
Во случај да не се постигне пробив по ветото, Пендаровски вели дека ќе треба да се чека да завршат изборите во Бугарија закажани на 28 март.