Претседателот Стево Пендаровски и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе имаат средба в петок, објавија повеќе медиуми повикувајќи се на извори од партијата.
Средбата била договорена за време на нивниот денешен телефонски разговор, на барање на Мицкоски. Пендаровски и Мицкоски истовремено заклучиле дека е потребно да има дијалог.
Предвидено е на средбата да се разговара за актуелната политичко-економска ситуација како и за изјавата на Пендаровски за настаните од 27 април.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ пред неколку месеци ја прекинаа комуникацијата со Пендаровски.