Денеска патувам во Северна Македонија и имам една молба, особено до младите луѓе од оваа држава. Не откажувајте се од европската иднина. Вие припаѓате во нашето семејство, порача претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли во видео-порака објавена на Твитер, во пресрет на дводневната посета на Македонија.
Сасоли ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со собранискиот спикер Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев, а ќе има средби и со лидерите на парламентарните политички партии, и ќе се обрати во парламентот.
На почетокот на посетата, Сасоли ќе ја отвори „Јуроп Хаус“ во просториите на Делегацијата на Европската Унија и ќе се придружи на дебатата со амбасадорот Самуел Жбогар и ученици од средни училишта на тема „Визијата на младите за ЕУ”.
Today I'm travelling to North Macedonia and I have one request, especially to the young people of the country: Do not give up on a European future. You belong to our family. The @Europarl_EN stands with you. pic.twitter.com/emIw0Vub5x
— David Sassoli (@EP_President) November 4, 2019