Денеска во посета на Општинската организација на СДСМ и Битола беше генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски.
За време на посетата на Битола, Николовски имаше средба со општинското партиско раководство, а оствари и средба со граѓаните.
Во изјавата за медиумите Николовски истакна дека е мошне задоволен од бројот на членовите на партијата кои го ажурирале своето членство во СДСМ како и тоа како течат подготовките за претстојниот конгрес на партијата.
– Посебно ме радува тоа што во Битола е најголемото социјал демократско семејство. Над 6. 000 членови, кои веќе го ажурирале своето членство го потврдуваат своето членство и застануваат зад политиките и програмата на СДСМ. Од нив вкупно 5.220 членови пријавиле учество на непосредните избори ан 21 март.
СДСМ и победува и се менува. На 10 март ке го одржиме состанокот на Централниот одбор на партијата по што ќе започне постапката за евидентирање на предлозите за кандидати за членови во највисоките органи на партијата – изјави Николовски.
Николовски се интересираше за тоа како се одвива реализацијата на проектите кои се финансирани од локалната самоуправа и Владата преку различни програми.
– Ние денеска сакаме да ги детектираме проблемите на граѓаните на Битола и да понудиме решенија. Раководството на партијата е постојано на терен со што покажува дека му служи на народот, рече Николовски, кој истакна дека за СДСМ Битола е мошне значајна за претстојните локални избори и дека очекува победа на изборите – додаде тој.
М.М.