Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека името на партијата се уште не е сменето поради пречките кои ги предизвикала пандемијата.
– Откако почна пандемијата досега одржавме само еден онлајн конгрес – вели Заев.
Тој најавува дека на следниот конгрес на партијата, кој инаку ретко се свикува, тоа ќе се случи.
– Верувам дека во периодот пред нас ќе постапиме во согласност со Преспанскиот договор – рече Заев.
Според него, се разгледуваат неколку опции како тоа ќе се изведе, партијата и понатаму ќе се нарекува СДСМ, меѓутоа зад буквите ќе се кријат други зборови.
Една од опциите за ново име на партијата била Социјадемократи од Северна Македонија.