Главните разлики меѓу владеачките партии и опозициската ВМРО-ДПМНЕ според лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски биле околу референдумското прашање. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ, според него, е дека референдумското прашање мора да биде еднозначно, онака како што предвидува Законот.
-Не можеме, додаде тој, да се согласиме со прашање со повеќе значења. Прашањето треба да се однесува само на договорот, изјави Мицкоски по средбата.
Оцени дека премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев во својата изјава кажал многу лични квалификации за него.