Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по завршување на изборниот ден, посочи дека победиле а со тоа доаѓа и одговорноста. Тој се обрати на социјалните мрежи, каде се заблагодари на сите граѓани.
– Народот е определен. Надежта е родена. За секој човек во Македонија. Заеднички за новата иднина. Победа и голема одговорност! Ви благодарам народе на Македонија! – напиша Мицкоски.