Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети, не се присутни на собраниската дебата за една изборна единица, иако, како што рече претседателката на ДOM Лилјана Поповска, покана била испратена на сите лидери на политичките партии.
Поддршка на дебатата единствено дојде да даде претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
-Ги поканивме сите тројца лидери на големите парламентарни партии, ДУИ, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Бараме поддршка од сите, промените на изборниот модел треба да ги донесеме заеднички. Според нас, ова е најдобриот модел, најфер за сите, затоа и сметаме дека на сите ќе им одговара – рече Поповска.
На дебатата, покрај 12 пратеници кои се иницијаторите на ова идеја, присутни се незсвисните пратенички Емилија Александровска и Нола Смајловска Исени, Даниела Рангелова од ВМРО ДПМНЕ, како и пратеникот Амди Бајрам. Свој претставник на дебатата пратија од Алтернатива на Африм Гаши, ПЕИ и Турската демократска партија.