За разлика од минатите години кога во Битола имаше голем интерес на независните кандидати за градоначалник или советници, овој пат интересот е многу мал.
Засега во градот под Пелистер пријавен е само еден кандидат за градоначалник. Тоа е бодибилдерот Зоран Лазаревски – Паљото.
Пријавени се и две листи за советници. Првата листа е на советничката на ДОМ, Ристенка Алтипармаковска и на „Поинаку“, со Габриела Илиевска.
Но, и ним тешко им оди со собирање на потписи. Така, од потребните 350 потписи, досега за Лазаревски својот потпис во Подрачното одделение на ДИК го дале само шеесетина битолчани.
Нешто повеќе потписи ставиле на листата на Ристенка Алтипармакова, која собра над 70 потписи, што е малку ако се знае дека треба да собере барем 350 потписи. М.М.