Во Кичево помина и караванот на Македонски концепт, предводен од претседателот Петар Богоевски, носителот на листа во ИЕ 5 – Стево Наскоски, како и кандидатот за пратеник од Кичево, Лулјета Ајрулаи.
Носителот на листата во ИЕ 5, Стево Наскоски изјави дека Кичево е испразнет град, економијата во целост бележи голем пад, особено по коронавирусот, дури и единствената странска инвестиција фабриката за заштитни перничиња „Џојсон Сејфти Системс“ го намалува бројот на вработени, што е дополнителен удар за градот и наместо техничката Влада составена од нашите конкуренти да понуди реални економски мерки за помош на стопанството, тие продолжуваат со негативна кампања и популистичка реторика од која граѓаните ништо не добиваа, потенцираше Наскоски.

За плановите на Македонски концепт во идниот четиригодишен мандат, кандидатот за пратеник од Кичево и второрангирана на оваа листа во ИЕ 5 ,Лулјета Емрулаи изјави дека Македонски концепт е единствената граѓанска опција на овие избори која нуди реални решенија за проблемите на граѓаните. Конкретно во Кичево еден проблем кој ги засега неговите жители се уличните кучиња, за што нашата партија има проект за трајно решавање на овој проблем, кој ги вознемирува граѓани со години наназад, вети Ајрулаи.

З.А.