Македонските пратеници што присуствуваа на потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција, во Псарадес оствариле средба со нивни грчки колеги од владејачката СИРИЗА, јави грчката новинска агенција АНА-МПА.
За време на средбата, пратениците се согласиле да останат во контакт и да разгледаат во кои области може да има соработка меѓу двете земји.
Според информации на АНА-МПА, на средбата бил присутен и секретарот на централната комисија на СИРИЗА, Панос Ригас.