Македонија ги поздравува екстензивните напори на САД под лидерство на претседателот Доналд Трамп рефлектирани во неговиот план за решавање на израелско-палестинскиот конфликт, соопштија од Владата.
– Статус кво не е одржливо; изразуваме надеж дека преку преговори ќе може да се дојде до долгопосакуваното решение за две држави базирано на визијата за мир на Блискиот Исток. Ги повикуваме лидерите на Израелците и на Палестинците да го искористат овој момент и да демонстрираат јасна посветеност за постигнување решение по пат на преговори за овој долготраен конфликт – се наведува во соопштението.
Од Владата велат дека земјава се залага за постигнување траен мир и стабилност на Блискиот Исток, одржливо и фер решение на конфликтот, кое ги почитува легитимните интереси на двете страни и кое ги зема предвид релевантните резолуции на Обединетите нации.