Премиерот Зоран Заев ќе учествува на дводневниот состанок на лидерите од Западен Балкан во Тирана, во рамките на иницијативата мини-шенген.
Иницијативата чија цел е интензивирање на регионалната соработка претставува продолжение на средбите од Нови Сад и од Охрид на Заев и Рама со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Декларација со која се предвидува минување на границите со лична карта, брзи ленти за камионите и меѓусебно признавање на дипломите, придружена со Акциски план од десетина мерки за нејзино спроведување, беше усвоена на трилатералната средба во Охрид минатиот месец.
Рама тогаш најави дека на наредната средба се очекува да присуствува и новиот висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.