Лидерите на ЕУ потврдија дека тие ќе се сретнат со високи претставници на Западен Балкан преку видеоконференција на 6 мај, пренесе агенцијата „Танјуг“.
Видеоконференцијата ќе се одржи наместо планираниот самит ЕУ-Западен Балкан, кој беше закажан за почетокот на мај во Загреб.
– Во последните месеци работевме на приспособување на нашата стратегија и донесување одлуки во врска со овој регион. 6 мај ќе биде можност за видеоконференција со овие земји за да ги претставиме нашите приоритети – изjавил претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел.
Самитот ЕУ-Западен Балкан во мај беше предведен како пресвртна точка, односно отворање нова перспектива во процесот на пристапување на регионот кон ЕУ.
Се очекува, по воспоставувањето нова методологија за пристапување, на состанокот на лидерите на ЕУ и регионалните лидери да се потврди политичката заложба на обете страни за заедничка иднина во Унијата, но и да се претстави европскиот економско-инвестициски пакет за Западен Балкан, пренесува „Танјуг“.