Красимир Каракачанов, претседател на ВМРО-БНД и бугарски министер за одбрана, продолжува со својата контроверзна ретокрика и навреди. Во интервјуто за бугарската телевизија „БНТ“ тој упати навреди кон членовите на македонскиот дел од мешовитата историска и образовна комисија со Бугарија.
Според Каракачанов врвните интелектуалци од македонска страна, кои не ги прифаќаат бугарските политички уцени и закани и инсистираат на фактографија, се однесувале како „Магаре на мост” и тврделе дека имаат свој поглед на историјата.
Притоа Каракачанов кој и самиот е историчар вели дека историчарите можат да тврдат дека се марсовци и дека Самоил паднал од Марс но тоа немало да биде точно. Оваа навредлива изјава со која покажува дека главниот проблем за Бугарија сега е принципиелноста на членовите на македонската комисија.
Исто така Каракачанов македонската политичка елита ја нарече продукт на „сталинистичкиот антибугаризам”.