Амбасадорот Џанг Ѕуо

Соочувајќи се со целокупното влијание од пандемијата на ковид-19 во светот, Кина иницира видеоконференција на високо ниво, која беше организирана на 18 јуни, во Пекинг. Темата на конференцијата беше „Зајакнување на меѓународната соработка и заедничката борба против пандемијата во рамките на ’Еден појас и еден пат‘“. Во своето писмено обраќање, кинескиот претседател Си Џинпинг истакна дека „ние сме подготвени да работиме со нашите партнери, да ги изградиме ’појасот и патот‘ следејќи го патот на соработка, кој е во корист за борба против предизвиците, за заедничко одржување на здравјето и безбедноста на луѓето, за промовирање на економското и социјалното закрепнување, и патот за ослободување на развојниот потенцијал и реализирање на развојот“. Сето тоа ја изразува цврстата доверба на Кина во соработката со партнерите за изградба на „Еден појас и еден пат“ со висок квалитет и ја зајакнува довербата на сите земји заеднички да ја надминат пандемијата и да го промовираат економското нормализирање.

Заедничката изградба на „Еден појас и еден пат“ ќе ја зајакне движечката сила за глобално закрепнување во антивирусната борба. Членот на Државниот совет и министер за надворешни работи Уанг И ја водеше конференцијата и објави дека кинеската страна ќе обезбеди помош за партнерите, учествувајќи во рамките на „Еден појас и еден пат“ во 5 полиња. Првобитно, како што објави претседателот Си Џинпинг, во рамката на меѓународниот план за помош, во вредност од 2 милијарди американски долари, ќе ги поддржи партнерите од „Еден појас и еден пат“, погодени од пандемијата, во борбата против вирусот и обновување на економијата и општеството. Второ, во процесот на развојот и употребата на вакцините, активно ги разгледува потребите на партнерите од „Еден појас и еден пат“, а исто така ја поддржува и Меѓународната научна алијанса, создадена во рамките на „Еден појас и еден пат“, за да ја зајакнува соработката во антипандемиските технологии. Понатаму, трето е да ги изведе техничката комуникација и координацијата со партнерите, за воспоставување удобни канали за прекугранично движење на луѓе и стоки.

Четврто, да одржи видеоконференции, на ниво на министри за транспорт помеѓу сите земји партнери, за да ги одржат безбедноста и ефикасноста на меѓународното индустриско поврзување, синџирот на снабдување и логистичкиот систем. Последното, петто поле е за зајакнување на иновациската соработка со партнерите во развојот на „електронската трговија по патот на свилата“ и промовирање на концептот на интелигентен град и зелен развој. Овие поддршки дефинитивно ќе ја зајакнат движечката сила на глобалното закрепнување против пандемијата.
Заедничката изградба на „Еден појас и еден пат“ ќе придонесе со позитивна енергија во процесот на глобално закрепнување од антипандемијата. Судбините на сите земји се тесно поврзани и споделуваме заедничка судбина, преку делење заедничка корист и претрпување исти штети. Без разлика дали се справуваме со пандемија или ја враќаме економијата во нормала, мора да бидеме солидарни и треба да се придржуваме кон мултилатерализам. Промовирањето интерконекција и интероперабилност, и придржувањето кон отвореност и толеранција се единствениот начин да се справиме со глобалните кризи и да се постигне долгорочен развој.

Откако претседателот Си Џинпинг ја предложи иницијативата „Еден појас и еден пат“ во 2013 година, таа стана најголемата платформа за меѓународна соработка во светот. Во 2019 година беа потпишани 29 нови договори за меѓувладината соработка во рамките на „Еден појас и еден пат“, со што вкупниот број на потпишани документи за меѓувладина соработка се искачи на 200. Во нив се опфатени повеќе од 2.000 проекти, кои претставуваат работни места за над илјадници луѓе. Во првото тримесечје оваа година, обемот на трговијата меѓу Кина и партнерите од „Еден појас и еден пат“ се зголемил за 3,2 отсто во споредба на истиот период од минатата година. Може да се каже дека семејството „Еден појас и еден пат“ продолжува да се шири, нивото на економската и трговската соработка исто така продолжи да се зголемува, интерконекцијата и понатаму се зајакнува, а заедничкото јавно мислење во однос на иницијативата станува сѐ поусогласено. Увидуваме јасно дека иницијативата „Еден појас и еден пат“ има капацитет да ја вложува позитивната енергија во антивирусната битка и да донесе доверба во закрепнувањето и развојот на светската економија.
Заедничката изградба на „Еден појас и еден пат“ ќе ја зацврсти мрежата за глобална соработка во антипандемиската борба.

Пандемијата не го врати интензитетот на соработката во рамките на „Еден појас и еден пат“, туку посочи на постоење силна еластичност и енергична виталност во соработката во „појасот и патот“. Соочувајќи се со пандемијата, партнерите од оваа иницијатива си помагаат едни на други, а наедно ѝ понудија вредна помош на Кина. Како благодарност за добиената помош, Кина, исто така, им обезбеди антипандемиска помош на 122 партнери од „појасот и патот“, испрати медицински тимови во 25 земји и целосно го сподели своето искуство за превенција, контрола, дијагностицирање и третман на вирусот со сите партнери. Во текот на првите 5 месеци од оваа година, бројот и обемот на возовите Кина – Европа се зголемил за 28 отсто и 32 отсто во споредба од истиот период на минатата година. Вкупно, возовите Кина – Европа доставуваат 12.524 тони материјали за превенција, прераснувајќи во вистински „канал на живот“ и „врска на судбината“ помеѓу Европа и Кина.

Тоа не само што придонесе со драгоцена моќ во глобалната антипандемиската битка туку го олесни и притисокот од пандемијата врз глобалниот индустриски синџир и синџирот на снабдување во голема мера. Веруваме дека без разлика дали се справуваме со пандемијата или се залагаме за враќање на економијата, меѓународната соработка „Еден појас и еден пат“ ќе може да игра важна улога. Спроведувајќи ги принципите на консултација, реконструирање и споделување, ние сигурно ќе можеме да ја победиме пандемијата и ќе изградиме мрежа за соработка, која ќе ни обезбеди подобра иднина.
Заедничката изградба на „Еден појас и еден пат“ ќе доведе до враќање на глобалното закрепнување против епидемијата.
Пандемијата го забави темпото на глобалниот развој и затоа е потребно помоќни сили да го промовираат заедничкиот развој и да го подобрат животот на луѓето од сите земји. На видеоконференцијата одржана на високо ниво помеѓу Кина и ЕУ, беше објавена „Заедничката декларација за меѓународна соработка во рамките на ’Еден појас и еден пат‘“ во која е наведено дека ќе се имплементира континуирано консензусот од вториот самит од „Еден појас и еден пат“, ќе се промовира практичната соработка во договорените полиња, за да се постигнат повеќе резултати од иницијативата „Еден појас и еден пат“.

Во првите пет месеци од оваа година, реалниот обем на странски инвестиции во земјите-партнери од „појасот и патот“ се зголеми за 6 отсто во споредба со истиот период од минатата година; а директните инвестиции од Кина во нефинансиски сектори кај земјите-партнери се зголемија за 16 отсто. Проектите како што се железницата Кина – Лаос и железницата Унгарија – Србија напредуваат стабилно. Голем број проекти, кои привремено беа суспендирани, повторно почнуваат да се градат. Кина, исто така, воспостави „зелени канали“ за транспортирање и царинење на стоките и за движење на економскиот и трговскиот персонал од земјите-партнери. Соработката „Еден појас и еден пат“ ја одразува цврстата решеност на сите земји да се развиваат заедно. Претворањето на „Еден појас и еден пат“ во пат за економското закрепнување е во непосреден интерес на луѓето од сите земји.
Заеднички да се изгради „Еден појас и еден пат“ за зајакнување на глобалното управување во антипандемиската борба. Пандемијата е причина за голема реконструкција во меѓународните односи.

Изгледите за заедничко градење на „Еден појас и еден пат“ се отворање нови области за соработка, што претставува голема корист за зајакнување на капацитетот на глобалното справување со предизвиците. Уште во јуни 2016 година, претседателот Си Џинпинг предложи да биде создаден „патот на свилата од областа на здравството“. По избувнувањето на пандемијата на ковид-19, побарувачката за соработка во областа на заштитата на јавното здравство значително се зголеми. Тоа доведе до уште поголема решителност на светот за меѓусебна санитарна соработка. Покрај тоа, изградбата на „Зелениот пат на свилата“ и „Дигиталниот пат на свилата“ исто ќе создаде и нов раст на економскиот развој на земјите и ќе обезбеди повеќе моќ за глобалното закрепнување на економијата. Генералниот директор на Светската здравствена организација, д-р Тедрос Аданом Гебрејсус, рече дека заедничката изградба на „Еден појас и еден пат“ е од корист за реализирање на универзалното здравствено покритие и на целите за одржлив развој. Иницијативите на Кина за изградбата на „Здравиот пат на свилата“ и „Дигиталниот пат на свилата“ ја покажуваат важноста од иновации во соработката, особено во ситуации кога мора да ги надминеме вообичаените предизвици.

Пандемијата не може да го промени генералниот тренд на човечкото општество за заеднички развој, и не може да го запре темпото на отвореност и соработка во целиот свет. На видеоконференцијата одржана на високо ниво за меѓународна соработка присуствуваа 25 министри за надворешни работи или претставници на министерско ниво, генералниот директор на Светската здравствена организација д-р Тедрос Аданом Гебрејсу, заменик-секретарот на Општата нација и директорот на Програмата за развојот и планот Ачим Стејнер, и беше постигнат широк консензус, демонстрирајќи ги надежите на сите земји за трансформирање на „Еден појас и еден пат“ во пат за соработка, за заштита на здравството, за закрепнување и за раст.


Пандемијата не го врати интензитетот на соработката во рамките на „Еден појас и еден пат“, туку посочи на постоење силна еластичност и енергична виталност во соработката во „појасот и патот“. Соочувајќи се со пандемијата, партнерите од оваа иницијатива си помагаат едни на други, а наедно ѝ понудија вредна помош на Кина. Како благодарност за добиената помош, Кина, исто така, обезбеди антипандемиската помош на 122 партнери од „појасот и патот“, испрати медицински тимови во 25 земји и целосно го сподели своето искуство за превенција, контрола, дијагностицирање и третман на вирусот со сите партнери. Во текот на првите 5 месеци од оваа година, бројот и обемот на возовите Кина – Европа се зголемил за 28 отсто и 32 отсто во споредба од истиот период на минатата година.


Заедничката изградба на „Еден појас и еден пат“ ќе придонесе за позитивна енергија во процесот на глобално закрепнување од антипандемијата. Судбините на сите земји се тесно поврзани и споделуваме заедничка судбина, преку делење заедничка корист и претрпување исти штети. Без разлика дали се справуваме со пандемија или ја враќаме економијата во нормала, мора да бидеме солидарни и треба да се придржуваме кон мултилатерализам. Промовирањето интерконекција и интероперабилност, и придржувањето кон отвореност и толеранција се единствениот начин да се справиме со глобалните кризи и да се постигне долгорочен развој.

(Авторот е амбасадор на НР Кина во Македонија)