Поранешниот бугарски министер за одбрана и претседател на партијата ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, упати нови провокации, истакнувајќи иронично дека навива за македонската фудбалска репрезентација на тековното Европско првенство, во изјава за телевизиската емисија „Бугарија 24“. Тој го нарече македонскиот национален тим „репрезентација на другата бугарска држава“.
– Секако, затоа што тоа е репрезентација на другата бугарска држава. И ако нашата репрезентација не може да се пласира на Европското првенство, секако дека ќе ја бодрам другата репрезентација на Бугарија. А, за кого треба да навивам, за Турција ли? – иронично одговори Каракачанов.
Партијата ВМРО-БНД на Каракачанов беше сметана за најголем губитник на изборите одржани во април, бидејќи не успеа да влезе во бугарскиот парламент откако не го надмина изборниот праг од четири проценти.
Најголем губитник на изборите веројано е партијата што имаше најжестока реторика кон Македонија – , која не успее да влезе во парламентот, откако не го надмина изборниот праг од четири проценти.
Новиот спот на ВМРО-БНД води битка за бугарска Македонија
Македонија е бугарска, се нагласува во официјалниот видеоспот на ВМРО-БНД за претстојните парламентарни избори, што на социјалните мрежи го сподели заменик-претседателот на партијата и европратеник Ангел Џамбаски.
– Македонија е бугарска. Факт на кој не му треба доказ. Вистината не може да се заобиколи, а историјата треба да ја отфрли судбината на секој предавник. Бугарија и бугарските патриоти ќе ја продолжат битката за вистината – напиша Џамбаски меѓудругото на неговиот фејсбук-профил.