Италија е 23 земја членка на НАТО, која го ратификуваше протоколот за членство во Македонија во Алијансата. Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на својот профил на фејсбук се заблагодари за ратификацијата.
Остануваат уште 6 земји да го ратификуваат протоколот, за да може Македонија да стане 30 земја членка на НАТО. За протоколот треба да се изјаснат и Франција, Велика Британија, Холандија, Исланд и САД.