Идентитетот на гласачите на овие избори првпат ќе се проверува со уреди за биометриска идентификација на отпечаток од прст. За таа цел набавени се 4.000 уреди и соодветен систем за нивна употреба од компанијата „Дермалог“.
Беше спроведена едукација од четири циклуси за членовите на ОИК и на избирачките одбори кои ќе управуваат со овие уреди, додека ангажирани се и 320 ИТ-експерти, како и дополнителни 80 ИТ-експерти од „Дермалог“.
Резултатите од првиот круг на изборите се очекуваат околу полноќ.