Со огромна чест, задоволство и одговорност ја извршував функцијата претседател на Република Македонија во изминативе десет години, напиша претседателот во заминување Ѓорге Иванов. Од се срце му благодариме на македонскиот народ и на македонските граѓани за сета укажана доверба и поддршка.
Останете во добро здравје и не заборавајте дека само сплотени, обединети и со меѓусебна почит ќе имаме просперитетна и успешна Македонија. Функциите доаѓаат и проаѓаат, но човечноста останува”, со ваков статус досегашниот претседател Ѓорге Иванов и неговото семејство се збогуваа само еден час пред предавањето на фунцијата на новиот претседател Стево Пендаровски и напуштањето на претседателската вила на Водно.