По Италија, денеска и Велика Британија го ратификува протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО, со што досега 24 земји-членки го завршија процесот на ратификација.

Информацијата на социјалните мрежи ја сподели шефот на британската дипломатија Доминик Раб, кој на Твитер напиша дека со нетрпение очекува земјава да се приклучи на НАТО семејството.

Веста дека и Велика Британија го ратификува Протоколот ја пренесе и министерката за одбрана Радмила Шекеринска преку социјалните мрежи.

-Убав ден! И Велика Британија штотуку ја заврши националната процедура за ратификување на нашиот НАТО Протокол! Благодариме – напиша Шекеринска.
 
 
Се чека на потписот на Шпанија, Франција, Холандија, Исланд и САД.