Македонскиот премиер Зоран Заев очекува чиста препорака за почеток на преговорите со ЕУ.
Тој во интервју за ТВ 24 вести вечерва истакна дека речиси 96 отсто од Планот 3-6-9 е реализиран и оти доколку заедно со опозицијата ги изгласаат законските решенија што се останати тогаш би дошле до 99-процентна реализација.
– Кога ќе дојдат еврокомесарот Јоханес Хан и високата претставнична за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, очекуваме идната седмица тие да го соопштат тоа. Од она што ние го знаеме и имаме информации и од тоа што го гледаме заслужуваме кристално чиста препорака за почеток на преговорите со ЕУ – истакна Заев.