Како Влада и јас како премиер кој еве ја напушта функцијата оставам аманет до април како што се договоривме да ја направиме нивелацијата или структурната реформа во образованието, рече премиерот Зоран Заев по потпишувањето на Спогодната помеѓу Синдикатот за образование, наука и култура и Министерството за образование и наука за покачување на платите во образованието.
Премиерот истакна дека реформата ќе даде дополнителни шанси за унапредување на квалитетот на работа на учениците, но и на наставаниците и професорите.