Попладнево во Владата се одржува координативен состанок меѓу премиерот во оставка, Зоран Заев, и лидерите на партиите, кои се дел од владејачката коалиција.
На состанокот со Заев ќе присустуваат претседателите или потпретседателите на партиите од актуелното собраниско мнозинство. Станува збор за првични разговори за нов премиер и состав на нова Влада, откако вчера по поразот на локалните избори премиерот Заев поднесе оставка од функцијата во Владата, но и од лидерската позиција во владејачката партија СДСМ.
По вчерашната оставка на премиерот Заев, според Уставот на Република Македонија, сега цела Влада е во оставка сѐ до изборот на нова. Заев нагласи дека останува на ставот дека не треба да има предвремени парламентарни избори.
Пратеникот од ДУИ, Арбер Адеми, во изјава за Сител синоќа изјави дека оставката на Заев ја оценува како избрзана, нагласувајќи дека изборите биле локални, за локални теми, а не за националните политики.