Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи, oствари работна вечера со пратениците во германскиот Бундестаг, Нилс Шмит од СПД и Јирген Харт од ЦДУ.
Како што се наведува во владиното соопштение, на средбата премиерот Заев и министерот Османи ги презентирале политичките позиции на Македонија во очекување на првата меѓувладина конференција со ЕУ, како и напредокот постигнат во речиси сите области кои веќе ги нотираше Европската Комисиј
Германските парламентарци пренеле позитивните ставови и поддршка од нивните политички партии, кои се и коалициони партнери во германската Влада, кон евроинтеграцијата на Македонија.
Истовремено изразиле големо задоволство од интензивната билатерална соработка меѓу двете пријателски држави, како и очекување и поддршка за одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ во време на германското претседателство.