Европскиот парламент денеска на пленарна седница треба да стави вонредна резолуција со која повторно ќе побара отворање на преговорите за членство со ЕУ за Македонија и Албанија.
Вонредната резолуција доаѓа откако ЕУ не успеа да постигне консензус на последниот самит.
Според најавите, попладнево би требало да биде одржана дебата, а пратениците се очекува да им посочат на земјите членки дека Советот треба да понесе одговорност за одлуката, да се однесува согласно сопствените заложби и да се држи до принципот на сопствени заслуги во оценувањето на земјите кандидати.