Немаме пријави за неправилности на ниту едно избирачко место и засега гласањето тече мирно. Се надевам дека така ќе продолжи и ги повикувам сите граѓани и кои досега не го направиле тоа да излезат и да го остварат своето гласачко право, рече претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски.
До ДИК пристигнале 311 приговори од кои 268 се прифатени, 25 се одбиени, а било утврдено дека 18 од гласачите ги има во избирачкиот список.
Гласањето на целата територија на Македонија се одвива без проблеми, со користење на уредите за биометриска идентификација.