Барањата за акредитации за четири набљудувачи на предвремените парламентарни избори од Организацијата за зашита на човековите права и од Државната централна комисија на Косово, беа едногласно прифатени од Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница.
Членовите на ДИК, пак, ги разгледаа и не ги усвоија приговорите за заштита на лично право за гласање поднесени од Игор Настов и Петар Николов, за кои имаа поделени мислења. Овие лица поднеле барања до ОИК, биле одбиени, и за нив потоа одлучува ДИК.