УТРЕ ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ АНАЛИЗА НА ЉУПЧО КОЦАРЕВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАНУ

Според академик Коцарев, одговорот на ова егзистенцијално прашања од насловот почива на трите документи: Бугарскиот договор (2017), Преспанската спогодба (2018) и промената на Уставот (2019), за кои многу експерти тврдат дека се нелегални, од една страна, и на алчноста и сервилноста на нашите политичари, од друга страна, што, за жал, се доказ дека денес сè се купува и продава. Дури и она што луѓето мислат дека нема цена.
Нудејќи детална опсервација на состојбите во Македонија, Коцарев вели дека одговорот на прашањето дали има живот пред смртта, за жал, моментно е – НЕМА живот. Но тој сепак се надева дека сите ние ќе „имаме волја и разум и да ја преземеме одговорноста за нашите животи“, за конечно да имаме живот пред смртта. Време е!, порачува претседателот на МАНУ